Skip to main content

Николовски: Во јануари приходите со раст од 321,7 милиони денари, поднесени кривични за 34 лица

Во јануари наплатените приходи од Царинската управа се повисоки за 321,7 милиони денари во однос на истиот период во 2024 година, изјави Бобан Николовски, директор на Царинска управа.

Сузбиен меѓународен канал за шверц на дрога, при што се запленети 188,6 килограми марихуана и две лица се лишени од слобода, а претходно Царинската управа откри и спречи организирана криминална мрежа со употребувани автомобили, при што поднесе кривични пријави за 32 лица до ОЈО за организиран криминал и корупција.

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, вели дека редот, дисциплината и посветеноста веќе седум месеци даваат извонредни резултати и оти царинските службеници не седат мирни и работат на сузбивање на криминалот.

Директорот истакна дека наскоро почнува и изградбата на новиот граничен премин кон Грција, Маркова Нога што се имплементира со средства од ЕУ, како дел од проектот „ЕУ за Преспа“.

Поврзани вести