Skip to main content

Николоски: Хрватска го усвои законот, ова многу ќе помогне и на македонските професионални возачи

Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи и овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи, објави на социјалните мрежи вицепремиерот Александар Николоски.

Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи. Ова е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во јануари годинава. Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави да се приклучат. Продолжуваме кон конструктивни решенија за нашите професионални возачи, објави Николоски.

Поврзани вести