Skip to main content

Наташа Поплавска ѝ ја посвети на мајка си претставата „Татко“ на Никшиќко позориште која гостуваше во МНТ

Со долг и искрен аплауз скопската публика ја поздрави екипата на претставата „Татко“ на Никшиќко позориште која синоќа гостуваше на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ). Претставата според текст на францускиот писател Флорија Зелен ја режираше нашата Натапа Поплавска, која по завршуваше на претставата излезе на сцената заедно со екишата.

Оваа претстава ѝ ја посветувам на мојата 88-годишна мајка, која се уште пишува, твори, кажа режисерката Поплавска.

„Татко“ е едно од најпознатите дела на Зелер, текст што има освоено престижни награди и според кој е снимен и оскаровецот „Татко“ со Ентони Хопкинс и Оливија Колман. Претставата ја отвора темата за деменција, губење на идентитетот, времето и стварноста, носејќи интимна и потресна приказна за односот меѓу таткото и ќерката.

Многу топла и емотивна изведба на Владан Гајовиќ (Таткото) и Ања Дрљевиќ (Ќерката Ана)

Зелер е автор и на драмите „Синот“ и „Вистината“, која на сцената на МНТ е поставена како „Лагата“.

Актерската екипа ја сочинуваат: Владан Гајовиќ, Ања Дрљевиќ, Никола Васиљевиќ, Маја Стојановиќ, Јован Кривокапиќ и Андреа Драшковиќ, кои со својата силна и емотивна изведба успеаја да создадат исклучителна поврзаност со публиката.

Поплавска преку внимателно изграден сценски јазик ја води публиката низ светот на главниот лик Андре – простор во кој се губат границите меѓу реалното и имагинарното, а сцената станува сплет од сеќавања, стравови и илузии.

Поврзани вести