
Денешната работилница во Едукативниот центар во Музејот на Македонија помина во прекрасна атмосфера исполнета со радост која се создава низ заедничко творење, велат од Музеј на Македонија.
Преку моделирање и боење на глина нашите пензионери уште еднаш ни покажаа дека љубопитноста, талентот и креативната сила на уметничкото изразување не познаваат години.
Благодарност до сите учесници – со нетрпение ја очекуваме следната средба!

Македонски

