
ЕУ ЦЕЛОСНО НЕ ПОДДРЖУВА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГОЛЕМИТЕ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ, ЗАЕДНО ГРАДИМЕ АВТОПАТИШТА И ЖЕЛЕЗНИЦА, пишува на Фејсбук, министерот за транспорт, Александар Николоски.
Зборуваме за сериозна реализација на проекти, зборуваме за развојот на Коридор 8, витален коридор, коридор кој НАТО го прогласи за втор најзначаен безбедносен коридор.
🛣 Проектите се реализираат со добра динамика, во делот на автопатското поврзување го реконструиравме граничниот премин Деве Баир, ја пуштивме во функција обиколницата на Крива Паланка, го пуштивме експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, работиме на изградба на автопатот Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани, работиме на завршување на автопатот Охрид -Кичево, а во моментот сме во финална фаза на избор на изведувач за автопатот Кичево – Букојчани.
🚊 Во однос на железницата, за десетина дена ќе се распише тендерот за изградба на третата фаза на пругата кон Бугарија, односно делницата која што оди од Крива Паланка до заедничкиот тунел кој што го имаме со Бугарија, наскоро ќе имаме реконструкција на пругата од Скопје преку Јегуновце, Тетово, Гостивар до Кичево.
Продолжуваме со силна посветеност на стратешките инфраструктурни проекти во соработка со нашите партнери, објави Николоски.

Македонски


