
Во периодот на раководење на генералниот директор доц.др. Бурим Љатифи со АД МЕПСО, конечно беше деблокиран долгогодишно закочениот проект за енергетска интерконекција со Албанија, стратешки потфат од огромно значење за енергетската стабилност и регионалната соработка, велат од МЕПСО.
-Дополнително, беше потпишан Меморандум за соработка со косовскиот преносен оператор КОСТТ со што се отвора патот за заедничка прекугранична соработка на проектот за уште една стратешка интерконекција со Косово, 400 kV далекувод од Тетово до Призрен кој има потенцијал да прерасне во клучна оска за енергетското поврзување меѓу двете земји. Овие иницијативи не се само технички проекти туку се и важен дел од нашата политичка и економска интеграција во регионот.
АД МЕПСО смета дека е крајно неодговорно и неразумно што политичката партија АА се обидува да го втурне енергетскиот сектор во дневно политичката арена и кампањата за локалните избори, се наведува во соопштението.
Директорот Бурим Латифи ја повикува Антикорупциската комисија без одлагање да ја испита посочената јавна набавка и сите останати спроведени во неговиот мандат.