
Вицепремиерот Николоски се осврна и на изградбата на автопатот Прилеп-Битола, оценувајќи дека станува збор за проект што има и стратешко и економско значење. Според него, една коловозна лента од автопатот треба да биде целосно завршена веќе следната година, додека целосното автопатско решение се очекува да биде финализирано до 2029 година.
– Автопатот Прилеп-Битола од една страна е нешто што е дамнешна желба. Од друга страна, веќе влезе во паневропските коридори. Тој коридор кога ќе биде завршен и од македонска и од грчка страна, ќе го скрати патувањето помеѓу Скопје и Атина за некаде до 3 часа, што многу ќе значи за економијата и за бизнисот. Едната страна од автопатот ќе биде целосно завршена веќе следната година, а комплетното автопатско решение заедно со сите споредни инфраструктурни објекти како: клучки, натпатници и споредни патишта, се очекува да биде финализирано до 2029 година – истакна Николовски.

Македонски



