Skip to main content

Вучиќ: Србија годинава може да биде првата држава во Европа која ќе произведува хуманоидни роботи

Србија би можела да биде од  оваа година прва држава во Европа што ќе произведува хуманоидни роботи.

Ова го најави српскиот претседател Александар Вучиќ и додаде дека планот на државата е до 2030 година да има до 8.000 вработени во индустријата на примена на вештачка интелегенција.

Вучиќ беше во посета на Кинескиот културен центар (ККЦ) каде присуствуваше на презентација на роботи од кинеската компанија АГИБОТ Иновејшан. 

Ако сe оди како што треба, до 2030 година ќе вработиме 8.000 луѓе во таа индустрија. Ќе почнеме со 500, а на крајот ќе има 8000. Заедно со фабриките за роботи, ќе имаме и така наречени фабрики за податоци, каде што хуманоидните роботи мора да учат од луѓето и да памтат исто како луѓето“, изјави Вучиќ.

Toј најави отворање 50 фабрики за таа цел во следните четири години.

Ние можеме во следните месеци да почнеме со најголема инвестиција досега во Србија, а тоа е примена на вештачка интелегенција. Не само софтвер, туку и софтвер и хардвер. Некој мора да ги прави и овие машини и зголобови – и тоа би можело да се прави во Србија. Значи, фабрика за роботи, дата центар и дата фабрики. Ќе се обидеме да бидеме први во Европа со таков вид производство… Еден детаљ ми го привлече вниманието на презентацијата – рекоа дека имаат поголеми роботи што можат да носат по 100 килограми…Можат да го прават она што веќе го прават во Кина: гранични контроли… да прават се што можат, а можете и да ги вооружите. Така што на нашата следна воена парада, ќе имаме илјадници роботи, вооружени, за да можеме дополнително да ја обезбедиме нашата земја“, кажа Вучиќ.

Српскиот претседател на влезот во ККЦ беше поздравен на англиски јазик од роботот Лука. 

Поврзани вести