Skip to main content

Вучиќ: Со Русија го продолживме договорот за гас за наредните три месеци

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија постигнала договор со Русија за продолжување на договорот за гас за наредните три месеци, објави „Блиц“.

– Имаме договор за продолжување на договорот за гас за наредните три месеци, до 31 март. Луѓето можат мирно да спијат, Србија ќе има и електрична енергија и доволно гас за претстојната зимска сезона – изјави Вучиќ.

За потсетување, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна истакна дека енергетиката е најважната област на националната економија.

– Многу работи треба да изградиме. Треба да градиме интерконектор кон Македонија. Кога станува збор за гасот, треба да го изградиме она што го нареков продуктовод. Значи, покрај гасниот интерконектор кон Романија, треба да изградиме и нафтовод кон Романија – изјави Вучиќ претходно.

Поврзани вести