
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во објава на Инстаграм порача дека не смее да се продолжи со блокада на Радио-телевизија Србија и дека државата ќе има сила да го заштити уставниот поредок.
Денеска е Велики петок, ден на тага и болка, но и ден на надеж. За жал, кај нас и на најголемиот христијански празник некои луѓе со насилство се обидуваат да ја уништат државата и нејзините темели“.
На својот профил „будуќностсрбијеав“ ги повика надлежните државни органи да преземат мерки за заштита на уставноста и законитоста во деновите што следуваат за сите прашања во согласност со Уставот и законот.
Она што не смее да им се дозволи е слободно да продолжат со малтретирање, шиканирање и уништување на животите на сите граѓани. Затоа ги повикувам надлежните државни органи да преземат различни мерки за заштита на уставноста и законитоста во деновите што ни претстојат согласно Уставот и законот. За да се воспостави правниот поредок, да се заштитат јавниот ред и мир, да биде целосно јасно дека Србија како држава функционира и барам тоа да го направат што е можно повеќе без употреба на сила. Тогаш кога е неопходна сила, во тој случај таа треба да биде најмалку можна за да се решат работите“.
Повеќе од 80 часа веќе трае студентската блокада на објекти на Радио-телевизија Србија во Белград. Од 14 април во 22 часот досега, блокирани се објекти на јавиот дифузер во центарот на Белград на улицата Таковска, и на Кошутњак, јави дописникот на МИА од Белград.
РТС, чии згради на улицата Таковска и на Кошутњак се блокирани од студенти од понеделникот, објави денеска дека работи под најтешки услови досега.
Сите редакции, новинари на терен, вклучително и млади соработници, технички и продукциски тимови, не по нивна вина се доведени во ситуација да немаат соодветна заштита неопходна за нормално извршување на нивните работни задачи“, објави РТС на својата веб-страница.
Јавниот сервис им се извини на гледачите затоа што биле принудени значително да ја намалат програмата.