Skip to main content

Вучиќ најави дека вонредните избори ќе бидат во октомври, ноември или декември

Facebook / Александар Вучић

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека оваа година ќе биде политички тешка бидејќи е изборна година и дека вонредни парламентарни избори ќе бидат организирани во октомври, ноември или декември.

Тој за ТВ Информер изјави дека датумот на изборите зависи од договорот на политичките актери, доколку, како што нагласи, сакаат да се договорат.

„Студентите во блокада“ веќе долго време бараат распишување вонредни парламентарни избори.

Вучиќ повтори дека оваа година ќе биде најуспешна за државата во економска смисла.

Според него, важно е за народот на Србија да се зачува мирот и стабилноста и да се „обединиме“.

Вучиќ додаде дека се надева дека во наредниот период ќе може државата да купи барем уште пет проценти од акциите во НИС, бидејќи тогаш би имала целосна контрола врз тоа што прави мнозинскиот сопственик.

Се надевам дека во наредниот период, за првпат ви кажувам, ќе можеме да купиме барем уште пет проценти од акциите во НИС, бидејќи тогаш би имале целосно влијание и целосна контрола врз тоа што би правел мнозинскиот сопственик и би се прашувале за нешто. Нема да бидеме таму некој што се крие зад завесата и не одлучува за ништо. Бидејќи е важно за нас да имаме 34 проценти, повеќе од една третина, бидејќи тогаш можете да имате увид во финансиите и се друго“, изјави Вучиќ. 

Тој истакна дека тоа ќе биде неговата цел во наредните месеци. 

Поврзани вести