
– Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија денеска ќе одржи Свечена академија по повод одбележувањето на Денот на Советот, како и јубилејот — 10 години од воведувањето на изборниот предмет „Македонски јазик со елементи на национална култура“ во основните училишта во Лесковац и околината.
Свеченоста ќе се одржи во Лесковачкиот културен центар. Ќе настапат учениците кои го изучуваат предметот „Македонски јазик со елементи на национална култура“, кои ќе се претстават со музички, рецитаторски и сценски изведби подготвени специјално за овој значаен јубилеј.
Свечената академија, како што поосчуваат организторите, е дел од активностите за поголема видливост на работата на Советот и на македонската заедница, како добар пример за почитување на малцинските права и зачувувањето на македонскиот национален идентитет посебно кај најмладите припадници на македонската заедница во Србија.
На настанат се очекува да прсуствуваат и претставници на македонската Влада

Македонски






