Skip to main content

Србија ќе добие 111 милиони евра од ЕУ од Планот за раст на Западен Балкан до крајот на неделата

До крајот на неделата на Србија ќе и бидат исплатени 111 милиони евра од ЕУ од Планот за раст за Западен Балкан, благодарение на усвојувањето на реформите.

Тоа го најави потпретседателката на Народното собрание на Србија и претседател на Комисијата за евроинтеграции, Елвира Ковач.

Од овие 111 милиони евра, 40 милиони се неповратни средства“, изјави таа.

Ковач додаде дека таа сума е само седум отсто од вкупните средства за секој корисник во регионот планирани до 2027 година

Таа нагласи дека новата српска Влада ќе биде формирана до крајниот рок – 18 април. 

Поврзани вести