Skip to main content

Снежно невреме во Хрватска

Илустрација

Снежно невреме предизвика сериозни прекини во железничкиот сообраќај во Хрватска. Патници во воз на линијата Загреб – Сплит останале блокирани на железничката станица во Книн повеќе од 12 часа.

Возот, кој тргнал од Загреб вчера во 13:49 часот, бил запрен во Книн околу 21:00 часот. Патниците се жалат на недостиг од храна, пијалаци и прецизни информации од страна на надлежните, додека надвор температурите се под нулата. Според изјави на патници за локалните медиуми, на локомотивата ѝ се скршило предното стакло пред пристигнувањето во Книн, а префрлање во друг воз не било извршено од безбедносни причини. Како што јавува „24сата“, возот трггнал нешто после 8.30 утрово.

Од „Хрватски железници“ соопштија дека сообраќајот се одвива со големи потешкотии поради обилните снежни врнежи и паднати дрвја на пругата.

Поврзани вести