
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, остро реагираше на судирите меѓу демонстрантите и полицијата во центарот на Софија, при кои беа забележани сцени на невиден вандализам во поновата историја на земјата.
„Насилството мора да престане. Ова не е судир меѓу полицијата и граѓаните, туку провокација од мафијата, со цел да ги спротивстави едни на други,“ порача Радев.
Тој додаде дека провокациите не ја менуваат суштината: „Бугарските граѓани јасно кажаа НЕ на оваа влада. Решението е едно — оставка и предвремени избори.“

Македонски






