Skip to main content

Протест против еврото во Софија: Шестмина приведени, меѓу кои и пратеник на „Преродба“

Еден пратеник од бугарската партија „Предоба“ е приведен, а двајца други пратеници се пренесени во болница, соопшти пред новинарите пратеникот Цончо Ганев, јави БТА.

Приведениот пратеник е Ивајло Чорбов, кој според Ганев се наоѓа во полициската станица во Софија. На прашањето како бил уапсен иако има пратенички имунитет, Ганев одговори дека тоа треба да се праша началникот на полицијата. Тој додаде дека пратениците Ангел Георгиев и Никола Димитров биле пренесени во Универзитетската болница „Царица Јоана – ИСУЛ“.

Кога вакви настани се случуваат во Грузија или Украина, сите ги поддржуваат, но кога се случуваат во Бугарија, тоа не е прифатливо, изјави Ганев.

Според него, ова е уште едно „режимско“ владеење на Бојко Борисов против кое „Преродба“ протестира и повторно нивните поддржувачи биле нападнати и прскани со солзавец.

Ганев додаде дека власта го поткопува законскиот поредок во земјата, бидејќи 604.000 граѓани побарале референдум за влезот во еврозоната, но нивното барање било игнорирано од евроатлантските партии. Ганев најави дека од среда ќе преземат чекори за да го блокираат функционирањето на парламентот, барајќи оставка на Владата.

Инцидентите се случија пред претставништвото на Европската комисија во Софија, каде што демонстрантите фрлаа црвена боја и петарди врз зградата, а нејзината врата беше запалена.

Полицијата соопшти дека во немирите се уапсени шест лица, а десет полицајци се повредени.

Поврзани вести