Skip to main content
Инцидент во Белград

Од Зоолошка градина избега зебра и повреди дете

Двегодишно дете и двајца возрасни беа повредени попладнево во инцидент во Зоолошката градина во Белград, кога зебра побегна од ограден простор.

Детето е пренесено со брза помош во Универзитетската детска клиника  додека двајца возрасни се згрижени во Военомедицинската академија (ВМА). Повредени се 30-годишен маж со двегодишно дете, како и жена на возраст од 51 година.

Вработените во Зоолошката градина во моментов утврдуваат како се случил инцидентот.

Поврзани вести