Skip to main content

Не одете за Грција преку Меџитлија, патот е во прекин

Поради сообраќајна незгода што се случила попладнево на магистралниот пат Битола – граничен премин Меџитлија меѓу селата Кравари и Бистрица, сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат низ селото Бистрица.

Од АМСМ информираат дека поради случена уште една сообраќајна незгода на регионалниот пат Битола – Прилеп на клучката кај селото Бистрица, сообраќајот ќе биде во прекин, а патничките возила ќе се пропуштаат наизменично.

– Од 15:45 час. поради вршење на увид на сообраќајна незгода на магистрален пат А-3 Битола – Државна граница Маџитлија кај рас, с.Кравари за с. Бистрица сообраќајот ќе биде пренасочен низ с. Бистрица по регионален пат Р-2333. Во 16:00 час. на регионалниот пат Р-1101 Битола – Прилеп кај клучка с. Тополчани поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот за ТМВ ќе биде во прекин ,а патничките возила ќе се пропуштаат неизменично, стои во соопштението на АМСМ. 

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetmultiwinstarzbetcasibomjojobetzbahispusulabetjojobetrichest gamblers