Skip to main content

Исто како кај нас за „27 април“: Блокадерите во Србија ќе бидат обвинети за нарушување на уставниот поредок

Шест лица беа уапсени вчера,по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, за планирање насилно соборување на владата, поточно, поради сомнение за сторено кривично дело подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија.

Аудио-снимка која е објавена повикува да се оди во паркот на студентите кои го поддржуваат Вучиќ т.н „Чациленд“.Во рачно напишаниот текст, може да се заклучи дека станува збор за плановите на студентите во блокадата за време на протестот најавен на Видовден во Белград. Исто така, беше спомената можноста по 28 јуни, блокадерите да организираат „пена забава во близина на Жекс“, односно во зградата на ТВ Пинк, која е една од главните поддржувачи на на власта на Вучиќ.

Поврзани вести