Skip to main content

Грција ги забрани социјалните мрежи за лица под 15 години

Freepik

Од овој месец во Грција стапи во сила забрана за пристап до социјалните медиуми за лица под 15 години. Новата регулатива оди чекор понатаму, па на сите малолетници ќе им биде забрането да влегуваат на страници за продажба на тутун, обложување и дистрибуција на содржини за возрасни додека не станат полнолетни. Со тоа Грција ќе стане првата европска земја што ќе воведе вакви ограничувања.

Европската Унија, исто така, го подготвува својот план. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека Франција, Шпанија, Грција, Данска и Италија го тестираат планот на ЕУ за проверка на возраста преку национални апликации. Грција е дел од тој проект, а потврдуваат и домашни извори.

Постојат дилеми околу практичната примена, но целта е јасна – заштита на младите од штетна содржина. Европската Унија верува дека ова е единствениот начин да се запре влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на децата.

Иако Грција е првата земја во Европа што ги забрани социјалните медиуми, Австралија ќе биде друга земја што ќе спроведе слични мерки. Од 10 октомври, на децата под 16 години ќе им биде забранет пристап до социјалните мрежи и апликациите за запознавање. Австралиските власти велат дека целта е да се заштитат младите луѓе од алгоритамска манипулација и онлајн вознемирување.

Поврзани вести