Skip to main content

ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада во Бугарија

ГЕРБ повторно презема иницијатива за продолжување на преговорите за формирање коалициска влада, откако еднострано ги заврши во неделата, дознава бугарскиот портал Медиапул од свои извори во преговорите.

Партијата на Борисов инсистира на интензивни преговори за финализирање на коалицискиот договор и договарање на фигурата на премиерот, за да завршат со одлука до петок.

ГЕРБ во неделата преку медиумите објави дека ги прекинува преговорите за влада бидејќи не е постигнат договор за кадровскиот состав на идниоткабинет и за името на кандидатот за премиер. Партијата на Борисов го предлага Росен Желјазков за премиер.

Поврзани вести