Skip to main content

Босанците по примерот на Хрватите, повикуваат на бојкот на продавници, кафулиња, ресторани поради високите цени

Босанците по примерот на Хрватите, повикуваат на бојкот на продавници, кафулиња, ресторани поради високите цени на 31 јануари годинава. Повикот се шири на социјалните мрежи и е израз на незадоволство на нискиот животен стандард и високите цени.

Граѓаните однапред да си обезбедат намирници, да не купуваат ништо тој ден, да готват дома и да избегнуваат потрошувачка во угостителски објекти, порачуваат иницијаторите.

Граѓаните велат дека цените на храната во БиХ се повисоки отколку во некои развиени земји како Германија, додека трошоците за домување се уште се неподносливи.

Иницијаторите на бојкотот истакнуваат дека целта на акцијата е да се притиснат властите и работодавачите да преземат конкретни мерки за намалување на инфлацијата, зголемување на минималната плата и подобрување на вкупниот животен стандард на граѓаните.

Поврзани вести