
Специјалните пратеници на американскиот и на рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин вечерва имаа средба на маргините на Светскиот економски форум во Давос.
Стив Виткоф и Џаред Кушнер се сретнаа со Кирил Дмитриев во така наречената Американска куќа.
Виткоф по средбата изјави дека „се било многу позитивно“.
Состаноците минуваат конструктивно. Се повеќе луѓе ја препознаваат исправноста на ставот на Русија, посочи Дмитриев.
Средбата на американските со рускиот преговарач траела повеќе од два часа.

Македонски




