
Светлана Цеца Ражнатовиќ ги спакува куферите и, по исклучително напорниот работен период, замина на заслужен одмор во сончева Шпанија. Таа веќе четири дена престојува кај својата ќерка Анастасија и зетот Немања Гудељ, кои веќе неколку години живеат во оваа земја поради неговите спортски ангажмани.

Цеца сега, на својот профил на Инстаграм, сподели моменти на опуштање, а особено внимание привлекоа снимките од ексклузивниот D&G бар во Марбеља.


Македонски



