
Четири лица се лишени од слобода, а вкупно седум пријави за семејно насилство се поднесени во изминатото деноноќие, соопшти денеска МВР.
На 05.07.2026 околу 14:20 часот во СВР Скопје 39-годишна жена пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари малолетната ќерка на пријавителката била физички нападната од нејзиниот партнер А.Е.(25). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.07.2026 во 00:20 часот во Гостивар, полициски службеници го лишија од слобода Р.С. (33) од Гостивар, постапувајќи по пријава од неговиот 56-годишен татко дека Р.С. физички го нападнал во нивниот семеен дом во Гостивар. Р.С. е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 06.07.2026 во 00:40 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 33-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој агресивно се однесувал кон неговата сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.07.2026 во 18:30 часот во СВР Куманово 66- годишна жена од Куманово пријави дека во нејзиниот дом била физички нападната од нејзините внуци Л.С. и Л.С. .Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.07.2026 во 21:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ж.Д. (43) од Куманово, затоа што агресивно се однесувал и се заканувал кон неговата сопруга и син. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 05.07.2026 во 20:00 часот во ОВР Прилеп, 25-годишна прилепчанка пријави дека додека била во домот на нејзината сестра во Прилеп, дошол нејзиниот невенчан сопруг и физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 05.07.2026 во 23:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Ј.Ѓ.(57) од Свети Николе, по претходна пријава дека околу 22:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонски



