Skip to main content

Фатени лицата што го подметнаа пожарот кај Стара рампа

Двајца скопјани се осомничени дека вчера го предизвикаа пожарот кај Стара рампа во Скопје. Како што соопшти МВР, вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

фото: ДЗС

На 05.07.2026 околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“ во Скопје, при што еден пожарникар се здобил со повреди, а две противпожарни возила биле оштетени. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Поврзани вести