Skip to main content

14 мигранти загинаа во бродска несреќа во близина на грчкиот островот Хиос

Венгу ФБ

Безживотните тела на 14 мигранти биле извлечени од морето во близина на грчкиот остров Хиос по судар на чамец со мигранти и патролен брод на крајбрежната служба на Грција, додека пак повредени се 24 спасени мигранти и двајца припадници на крајбрежната служба, а во тек е акција за спасување за евентуално исчезнати лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентот се случил околу 21 часот, според локалните медиуми од островот, чамецот што пренесувал мигранти со опасни маневри за да избегне контрола удрил во бродот на крајбрежната служба при што луѓето паднале во морето.

Од крајбрежната служба на Грција доцна вечерва информираа дека по судар на глисер во кој имало мигранти со патролен брод во тек е операција за спасување и потрага со учество на четири патролни бродови, еден приватен чамец со нуркачи, како и хеликоптер на воената морнарица.

Првично беа пронајдени телата на четворица мигранти, а подоцна уште десет со што бројот на загинати се зголеми на 14 лица.

Во инцидентот биле повредени двајца припадници на крајбрежната служба кои се пренесени во болницата на Хиос, како и 24 спасени мигранти.

Извори од службата за брза помош брифираа дека веднаш интервенирале со пет амбулантни возила.

Локалните медиуми пишуваат дека веројатно има исчезнати мигранти.

Поврзани вести