Skip to main content

Ќерката на Михајловиќ за прв пат ја посети болницата откако почина татко и: Се сеќавам на миризбата и на прозорот од кој ми мафташе

Викторија Михајловиќ три години по смртта на познатиот фудбалер и тренер се врати на местото кое засекогаш ѝ остана врежано во сеќавањето – болницата каде што нејзиниот татко се бореше со леукемија.

Фотографиите што ги сподели прикажуваат болнички ходници, стерилна атмосфера и сцени кои, како што напиша, останале длабоко врежани во нејзиното сеќавање. Таму е, во мантили за еднократна употреба, со маска, навлаки за чевли и скриена коса, во опремата што сите мораа да ја носат за да можат да влезат во собата и да го видат Синиша за време на лекувањето.

Заедно со сликите, таа објави и исклучително емотивен текст во кој детално го опиша секој чекор од тој болнички ритуал, од мирисот на дезинфекција што ја следеше надвор, преку скалите што ги качуваше секој ден затоа што лифтот ѝ беше „темен и страшен“, до чекалната полна со луѓе со ист поглед, некаде помеѓу надежта и предавањето.

„Се сеќавам на аголот каде што се пресоблекував. Наметка, маска, навлаки за чевли, скриена коса. Секој гест беше мал ритуал пред да можам да стигнам до тебе. Се сеќавам на прозорецот од кој ме поздрави, секогаш затворен. Двете врати од твојата соба: отворање на првата, затворање, чекање и дури потоа всушност влегување.“

Поврзани вести