
Новинарот Николо Шира објави дека Торино и официјално се откажува од можноста да го откупи договорот на нашиот репрезентативец, Елиф Елмас. Како што објави Шира, од Торино одлучиле дека сумата од 17 милиони евра која Лајпциг ја бара за нашиот „дијамант“ е превисока.
Тоа и дефинитивно значи дека Елмас ќе мора да се врати во Бундеслигата во составот на РБ Лајпциг.