Skip to main content

Вечерва навиваме за Охрид да го повтори успехот на Алкалоид

Ракометарите на македонскиот преставник во ЕХФ Европскиот Куп ГРК Охрид со максимален учинок стигнаа до полуфиналето на европското натпреварување. Охриѓани на осумте дуели постигнаа осум победи. Но ривалот во полуфиналето е име за респект поранешен европски шампион Цеље Пивоварна Лашко.

–   Се истрошувме во Купот и во финалето против Вардар, но немавме многу време за тага. Мора да мислиме на следниот ривал и дуелот со Цеље на гостински терен. Се надеваме на победа, а ние ќе дадеме се од себе. Нема да биде воопшто лесно, тие се сериозна екипа. Ние ќе одиме на победа и добро е што ќе имаме поддршка од нашите навивачи и на гости и се надевам дека ќе ги израдуваме, изјави Дарко Ѓукиќ.

Првиот полуфинален натпревар од Европскиот куп се игра во Цеље во сабота со почеток во 18 часот.

Поврзани вести