
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер утре ќе ги започне подготовките за сезоната 2025/26 со нов тренер.
За шеф на стручниот штаб на битолчани е назначен шпанскиот стручњак Рубен Гарабаја Аренас.
Договорот е на 1+1 година.
– Гарабаја е трофејно шпанско име од играчките денови и млад стручњак со голем потенцијал. Има 46 години и полна витрина медали и одличја од богатата играчка кариера. Тренерскиот занает започна да го бруси во Логроњо како асистент тренер во 2018 година. Три години остана во Натурхаус Ла Риоха и го прифати првиот меѓународен предизвик како селектор на женската репрезентација на Кина. Во 2021 година го на покана на Роберто Гарсија Парондо работи како асистент тренер во египетската репрезентација. Во овој период од две години освојува злато од шампионатот на Африка и сребро од Медитеранските игри. Во 2022 година почнува самостојна тренерска кариера во шпанскиот клуб Синфин Сантандер, каде што работеше се до повикот од Битола, соопшти Еурофарм Пелистер.