
Спортската јавност во Битола и посебно љубителите на ракометот со голема возбуда го очекуваат натпреварот меѓу македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и светскиот клупски шампион, Барселона.
Утревечер спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе биде целосно исполнета затоа што „осмиот играч“, верната публика чкембари, за само осум минути ги купи сите влезници за натпреварот од редовното коло во европската Лига на шампионите.
Дуелот со светски познатите ракометни ѕвезди на шпанскиот гигант, француските интернационалци Лудвик Фабрегас и Дика Мем, шведскиот интернационалец Карлсбогард, Египќанецот Јахија и најдобриот голман на денешницата Емил Нилсен од Данска, кои во Битола ќе се надигруваат со Филип Кузмановски, Жарко Пешевски, Николче Митревски и останатите пелистерци, ќе го судат Ердоган Курсад и Ибрахим Едениз од Турција.