Skip to main content

Македонските ракометни кадетки освоија сребрен медал на Светското училишно првенство

Фејсбук профил на Федерација на училишен спорт во Македонија

Женската македонска кадетска репрезентација го освои второто место и сребрениот медал на Светското училишно првенство, откако попладнево во финалето загубија од Хрватска со 26:28.

Македонските ракометарки имаа одличен старт и водство од 5:1, но противничките брзо се вратија до средината на првиот дел и поведоа со 8:6. Нашиот тим успеа да изедначи на 11:11, но на полувреме беше 15:12 за Хрватска.

Ривалките во вториот дел се одлепија на +5 (19:14), но во финишот македонските ракометарки намалија на 24:25, но немаа сили за пресврт.

Поврзани вести