
Во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“. Поводот е одбележувањето 20 години од „Спортско радио 90,3 ФМ“.
На 29 октомври 2025 година на едно место ќе бидат најголемите македонски ракометни имиња како: Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Наумче Мојсоски, Бранко Ангеловски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Влатко Неданоски, Гоце Георгиевски, Горан Ѓоргоноски, Велко Маркоски, Лазе Мајнов, Александар Царчев.
Покрај домашните легенди, на настанот поканети и се очекува учество на гости од странство, кои оставиле белег со настапи во своите екипи од Европа, но и во македонски екипи како: Арпад Штербик, Жоан Кањелас, Иван Чупиќ, Игор Вори, Страхиња Милиќ,Тимур Дибиров, Глеб Каралаш, Ренато Вугринец, Игор Карачиќ, Илија Абутовиќ, Лука Циндриќ, Даниил Шишкарев, Ивано Балиќ, Мирза Шариќ, Вуко Борозан, Домагој Дувњак, Кристијан Дисингер и други.
Селекторските „палки“ ќе бидат наменети за: Лино Червар, Веселин Вујовиќ, Звонко Шундовски, Ристо Магдинчев, а како официјални лица: Марјан и Драган Начевски, Ѓорѓи Начевски – Славе Николов, Силвана Карбеска – Марија Илиев