
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер во следниот период нема да може да смета на голманот Саид Хаидарирад. Тој ја обнови повредата со која се здоби на турнирот во Охрид, се работи за парцијална руптура на задната ложа.
Битолчани новата сезона во Лигата на шампионите ја почнаа со победа над Загреб на домашен терен, а токму Хаидарирад беше меѓу подобрите на теренот и притоа во последната секунда и постигна гол.
Во домашното првенство Еурофарм Пелистер утре ја пречекува екипата на Пролет, а во Лигата на шампионите в четврток гостува кај ПСЖ во Париз.
Тренерот Рубен Гарабаја сега на располгање ги има Никола Митревски и Давид Брестовац