Skip to main content

Како Пелистер испушти победа во ЛШ

Во Лигата на шампионите. Битолчани синоќа на домашен терен загубија од ГОГ Гудме со 28:31.

Можевме да видиме три натпревари во само овој еден. Тргнавме многу добро, ги следевме тактичките замисли на почетокот и тоа работеше. Потоа тие го сменија текот на натпреварот. Почнаа да играат директно со многу ситуации „еден на еден“ и кога беа со човек повеќе тоа направи разлика. Долго време ни требаше да се навикнеме на таквата игра. Ги заборавивме нашите тактички движења и потоа доцна се разбудивме и сфативме дека моравме посилно да се браниме. Кога го разбравме тоа, веќе беше доцна. Имаме два натпревари до следниот меч во Лигата на шампионите. Сепак, не можеме да запреме бидејќи имаме два тешки домашни меча. Жалам што имаме неколку врзани многу важни средби во Суперлигата, ама таков е календарот, изјави тренерот на Е.Пелистер Рубен Гарабаjа.

Македонскиот првак следниот натпревар го игра на 8.октомври на гости против Висла од Полска.

Поврзани вести