
Нерешено 28:28 заврши дербито на второто коло во плејофот на македонскиот ракометен шампионат.
Двете екипи се менуваа во водство, највисокото го имаше гостинот од Скопје – три разлика.
По овој исход Охрид останува трет со 40 бода, исто колку и Еурофарм Пелистер на третото место. Тимот од Автокоманда има 36 бода и е четврти на табелата. Лидер е Вардар со 44 бода.
Утре Вардар му гостува на Еурофарм Пелистер во меч којшто може многу да реши за титулата (почеток 19 часот).
Последната двојка за ова коло е Бутел – Тиквеш (утре од 18 часот).

Македонски

