Skip to main content

ЗОИ 2026: Второ злато за Домен Превц

Словенецот Домен Превц го освои златниот медал во скијачки скокови на големата скокалница на Олимписките игри во Италија.

Дваесет и шестгодишниот словенечки ски-скокач освои вкупно 301,8 поени (147,0 + 154,8) по двата скока. Ова е втор златен медал за Превц на Игрите во 2026 година. До златото Превц стигна по одличниот втор скок со должина 141,5 метри по што ја надополни негативата од седум бода од првата серија во однос на Јапонецот Рен Никаидо.

Токму Никаидо го освои среброто со 295,0 поени (154,0 + 141,0).

Полјакот Каспер Томасјак ја освои бронзата со 291,2 поени (141,8 + 149,4).

Претходно, на ЗОИ 2026 Превц победи во екипното мешано натпреварување. 

Поврзани вести