
Нашата пливачка легенда Томи Стефановски и оваа година, по втор пат, пливаше 16 километри со хуманитарна цел – за поголема инклузија и еднакви можности во спортот.
Со секој испливан километар, Томи ја носеше пораката за заедништво и сплотеност – инспирација за сите нас да го поддржиме спортот како место каде секој добива можности.
Денес, околу 12:30 часот, на охридското пристаниште, тој беше пречекан со големи аплаузи и почит.
Неговиот подвиг траеше 7 часа и 42 минути, резултат со кој се пласира на 13-то место на вечната листа во 149-годишната историја на препливувањата на каналот, започната од Капетан Метју Веб во 1875 година.