Skip to main content

Пјастри ја освои петтата победа во Формула 1 сезонава, двоен успех за Мекларен во Шпанија

Facebook / Oscar Piastri
Facebook / Oscar Piastri

Австралискиот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои Големата награда на Шпанија во Формула 1, деветта од 24 трки во сезоната.

Тој ja почна трката од пол-позиција и извозе совршена трка, завршувајќи пред тимскиот колега Ландо Норис (Велика Британија), кој исто така почна од првиот ред. Тоа беше петта победа на Пјастри оваа година и тој е водечки во пласманот на возачите.

Шарл Леклер од Ферари (Монако), кој почна од седмата позиција, заврши трет.

Џорџ Расел (Велика Британија, Мерцедес) и Нико Хулкенберг (Германија, Заубер), Луис Хамилтон (Велика Британија, Ферари), Исак Хајар (Франција, Рејсинг Бул), Пјер Гасли (Франција, Алпин), Фернандо Алонсо (Шпанија, Астон Мартин) и Макс Верстапен (Холандија, Ред Бул) ги надополнуваат топ 10.

Поврзани вести