Skip to main content

Ноле во полуфиналето на „својот“ турнир во Атина

Светскиот тенисер број 5, Новак Ѓоковиќ, вечерва го победи Португалецот Нуно Борхес во четвртфиналето на турнирот во Атина со 7:6 (7:1) и 6:4.

Мечот траеше 1 час и 45 минути.

Ѓоковиќ сервираше девет аса, направи една двојна грешка и реализираше една од пет брејк топки. Борхес сервираше седум аса, направи една двојна грешка и не реализираше ниту една од две брејк топки.

Триесет и осумгодишниот Србин ќе се соочи со Германецот Јаник Ханфман во полуфиналето на турнирот во грчката престолнина.

Наградниот фонд изнесува 766.715 евра

Поврзани вести