
Со Новак на Тинос, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Инстаграм, објавувајќи доцна синоќа селфи фотографија со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Српските медиуми пишуваат дека паднал договор турнирот од Бања Лука за која Ноле ја има лиценцата да се префрли во Атина.
Ѓоковиќ во изминатиот период беше на грчките острови Парос и Миконос, а сега, според објавената фотографија е на островот Тинос, каде што се сретнале со Мицотакис.
Грчките медиуми пишуваат дека утрово, српскиот тенисер и грчкиот премиер биле заедно во црквата Света Богородица на Тинос.
Мицотакис и Ѓоковиќ се сретнаа и на средината на јуни во Атина кога заедно вечераа во познат ресторан во центарот на грчката метропола