Skip to main content

Ноле се чува за УС Опен, нема да настапи ниту во Синсинати

Facebook / Wimbledon

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ донесе одлука по Торонто да го „прескокне“ и Мастерс тунрирот во Синсинати. Тоа ќе значи негов втор откажан турнир на северноамериканскиот континент и така Ѓоковиќ без одигран турнир ќе настапи на УС Опен.

Српскиот тенисер втора година по ред го откажува настапот во Синсинати. 

Ѓоковиќ пред почетокот на турнирот во Њујорк заедно со Олга Даниловиќ ќе настапи на турнирот во новиот формат во мешани двојки. 

УС Опен во Њујорк ќе се одржи од 24.август до 7.септември

Поврзани вести