Skip to main content
_7F5s74R3D0

Ноле пак имаше среќа: Мусети водеше 2-0 во сетови и го предде мечот поради повреда

Новак Ѓоковиќ го коментираше повлекувањето на Лоренцо Мусети во четврт-финалето на Австралија опен. Италијанецот го предаде мечот со Србинот поради повреда на бутен мускул при водство со 2:0 во сетови.

Не знам што да кажам, освен што ми е навистина жал за него. Тој беше многу посилен во овој натпревар, јас веќе бев на пат кон дома. Но, вакви работи се случуваат во спортот. Ми се случило неколку пати. Не знам што да додадам. Му посакувам брзо закрепнување. Дефинитивно требаше да победи денесka, рече Србинот по мечот.

Ѓоковиќ го одигра својот 1.400. натпревар во кариерата и ја забележа 1.168-та победа за 13 полуфинале на АО.

Противник на Србинот во полуфиналето ќе биде победникот од мечот Јаник Синер (Италија) – Бен Шелтон (САД).

Поврзани вести