Skip to main content

Неверојатниот Дуплантис по 12. пат го сруши светскиот рекорд во скок со стап

X / Mondo Duplantis

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го сруши светскиот рекорд во скок со стап.

На домашен терен, во натпревар од Дијамантската лига, во Стокхолм, атлетичарот скокна 6 метри и 28 сантиметри.

За Дуплантис, кој е двократен олимписки шампион, овој светски рекорд беше 12. во неговата кариера.

Тој го постави претходниот светски рекорд (6,27 м) во март на натпреварот во Клермон (Франција).

Поврзани вести