
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, оствари најдобро време во квалификациите за Гран при на Канада. Тој со време од 1 минута 10,899 секунди извози најбрз круг и стигна до пол-позицијата.
Второ најдобро време имаше пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен (+0,160 секунди). Третото место го освои Оскар Пјастри од Мекларен (+0,221).
Меѓу првите пет се и возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели (+0,492) и возачот на Ферари, Луис Хамилтон (+0,627).
Трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Канада ќе се вози вечер од 20 часот на патеката „Жил-Вилнев“ во Монтреал.