
Македонската натпреварувачка Даниела Алексовска освои златен медал на Европското првенство во ММА во Белград, Србија, освојувајчи ја првата европска ММА титула за Македонија во женска категорија.
Алексовска во полуфиналето триумфираше против претставничката од Израел, Рути Росмарин, а во финалето ја совлада Анастасија Хородивска од Украина, актуелната светска вицешампионка со зафар.
Алексовска со многу емоции го прослави златниот медал, не можејќи да ги сокрие солзите радосници за време на интонирањето на македонската химна. Момент кој, дефинитивно, не може никого да остави рамнодушен.