Skip to main content

Спортскиот филмски фестивал на Златибор се затвора со филмот на Саша Каталиниќ „КК. Работнички – Брендот под кошевите”

Организаторот на меѓународниот спортски филмски фестивал Златибор кој се одржува од 21.08 до 34.08 во Србија донесе одлука фестивалот да се затвори со документарниот филм на Саша Каталиниќ “КК. Работнички – Брендот под Кошевите”.

Самиот избор е уште една потврда за квалитетот на тематиката и изработката на ова значајно спортско документарно остварување. Со оглед на тоа што првиот спортски документарен филм “Први до Четврто” освои награда како минатогодишен учесник, ништо помалку не се очекува и овојпат.

Воедно се очекува официјална најава за почетокот на снимањето на третиот документарен спортски филм “КК. Работнички – Златната Генерација” кој е продолжение и завршно филмско дело за една епохална ера за најголемиот кошаркарки клуб во Македонија КК. Работнички – Скопје.

Поврзани вести