
Главниот настан на Ол старот, односно „Собирот на сите ѕвезди“ на македонската кошарка, вечерва во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, го крунисаа селекциите на „Македонија“ и на „Светот“.
Главните актери на теренот презентираа вистинска, пред сè атрактивна кошарка, во која присутните фанови на македонската кошарка можеа да уживаат во потезите на најдобрите играчи кои оваа сезона се дел од „МТЕЛ“ Супер лигата.
Победник беше тимот на „Македонија“, кој славеше победа од (119:115).
На полувремето, беа реализирани и натпреварите во шутирање тројки и забивање.
Виктор Ефремовски важеше како голем фаворит кога станува збор за реализација на обидите вредни три поени, и во целост оправда. Кошаркарот на Работнички ја доби финалната пресметка против Џавон Грин од екипата на Маџари, и го доби признанието за најдобар тројкаџија на „собирот на сите ѕвезди“.
Во натпреварот во забивање победи Рејмонд Самервил од екипата на ТФТ.
Виктор Ташовски од екипата на ТФТ го доби признанието за најкорисен играч (МВП) на овој меч на сите ѕвезди.

Македонски






