Кошаркарите на Оклахома Сити ги совладаа Лос Анџелес лејкерс на гостински терен во натпревар од НБА лигата со 101:93.
Најефикасен играч на средбата беше Шеј Гилџес-Александер од Оклахома со 36 поени.
Во поразениот тим се истакна дебитантот Далтон Кнехт кој постигна 20 поени.
Овој триумф за Оклахома е четвртата победа во низа со што води во Западната конференција. Лејкерси, пак, се седми на Западот.